Во Шпанија уапсени 28 тенисери поради наместени натпревари

Шпанската полиција уапси вкупно 83 лица, меѓу кои се најдоа 28 тенисери, поради сомневање дека учествувале во наместени натпревари од Futures и Challenger турнирите. Како што известуваат шпанските медиуми, еден од уапсените тенисери се натпреварувал на минатогодишното издание на УС Опен.

Оваа информација ја објави Еуропол, кој наведува дека истрагата ќе продолжи и покрај апсењата.

Првичните информации говорат за дури 97 натпревари чиј исход се смета дека е наместен. Во случај на докажување на вината на 28-те тенисери, ова ќе биде најголемиот случај на наместени натпревари во професионалните спортови во Шпанија.

Како главен организатор на наместените натпревари и манипулацијата со нивните исходи се наведува група од Ерменија која успеала да воспостави директна врска со тенисерите, со цел да оствари финансиска добивка. Еуропол наведува дека Ерменците лично доаѓале на турнирите за да се осигураат дека работата ќе биде завршена до самиот крај, онака како што е договорено.

Понатаму се наведува дека шпанската полиција блокирала дури 42 банкарски сметки, преку кои се правени трансакциите, како и дека во текот на акцијата се запленети околу 150.000 евра.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе