Во Валенсија запленети неонацистичко оружје и реликвии
Шпанската полиција во дом на маж открила и запленила нацистички реклиии и оружје со нацистички симболи.
Во медитеранскиот град Валенсија полицијата извршила претрес во домот на маж кој бил уапсен поради говор на омраза при што било откриено дека домот го претворил во неонацистичко дувло.
Во додатна истрага ќе се открие дали лицето делувало самостојно или е дел од некоја неонацистичка организација.