Во Виена избегнат можен терористички напад, уапсен Албанец

Во Виена е спречен можен терористички напад со апсењето на 18-годишно момче од албанско потекло, осомничено за исламски радикализам, објавија австриските власти.

„Австриските полициски сили брзо реагираа и го уапсија осомничениот, избегнувајќи така можен терористички напад во Виена“, изјави министерот за внатрешни работи Волфганг Соботка на прес-конференција свикана веднаш по завршувањето на операцијата на специјалните сили.

Специјалците вчера вечерта уапсиле во Виена „Австриец на 18-годишна возраст, со имиграциска дозвола“. Истрагата треба да ги утврди неговите врски со „исламистичкиот екстремизам“, изјави министерот Соботка наведувајќи дека постојат повеќе индиции за тоа, а дека одлучувачките сигнали во врска со осомничениот стигнале од странски разузнавачки служби.

Дневниот весник Kronen Zeitung дознава дека безбедносните служби добиле информации дека „група од албански исламистички екстремисти“ планира напад во Виена меѓу 15 и 30 јануари.

Соботка изјави дека уапсениот припаѓа на албанската заедница, како и дека индициите говорат за тоа дека не дејствувал сам, туку дека зад него стои развиена мрежа. Кажа дека една од потенцијалните цели била и виенската подземна железница.

Министерот не сакаше да го открие идентитетот на уапсениот, наведувајќи дека безбедносните служби го следеле неколку дена бидејќи имале сигнали дека од Виена, каде што живее, би можел да замине во Германија.

Притоа Соботка апелираше до граѓаните да бидат претпазливи и да пријават секаков сомнителен пакет оставен на јавен простор.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Свет

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Read more

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Read more
 

Вести

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе