Чек дис аут

Во Виена ќе има улица која ја регулира температурата на воздухот

9. октомври 2019 - 14:58 | М.С.

До крајот на годината, во Виена ќе биде завршен проектот за првата улица која ќе овозможи регулирање на температурата на воздухот.

Виена го започна пилот проектот на улицата Циглергасе, во една од најтоплите населби во градот, Нојбау.

Реконструкцијата на улицата, раззеленување на површината, инсталација на систем за разладување, поставување чешми за вода за пиење- ќе го зголемат квалитетот на живеење на жителите во оваа населба.

„Претходното лето беше едно од најтоплите во историјата. Последиците од климатските промени сè повеќе ги чувствуваат жителите на оваа населба, но и сите жители на Виена“.

„Со овој проект сакаме да се спротиставиме на екстремно високите температури. Првата улица во Виена овозможува регулација на температурата и е пример за креирање на природна ладовина која топлите денови ќе ги направи поподносливи“, изјави градоначалникот Маркус Рајтер.

Стратегијата на „паметен“ град во Виена е донесена уште од 2012 година и нејзината цел е да троши што е можно помалку природни ресурси, а со тоа да го зголеми квалитетот на животот на граѓаните.

Коментирај