Во земјотресот во Италија 278 мртви, прогласен ден на жалост

Бројот на загинати во земјотресот кој се случи на 24 август во централна Италија, се зголеми на 278, а продолжува потрагата меѓу урнатините, иако се сè помали шансите дека може да бидат пронајдени преживеани, соопшти италијанската служба за цивилна заштита, ден пред денот на жалоста.

Претставник на службата за цивилна заштита на прес-конференцијата во Рим изјави дека лекарска помош досега побарале 388 луѓе, додека без покрив над главата останале 2.500 луѓе. Од 278 загинати, 218 се од местото Аматриче.

Пожарникарите и натаму трагаат по евентуално преживеани, но не можат да потврда дека се исчезнати уште најмалку 15 лица, како што тврди градоначалникот на Аматриче. Властите сè уште не можат со сигурност да кажат колку лица се водат како исчезнати, бидејќи ова старо живописно гратче во текот на летото е полно со туристи и многу жители на Рим кои таму имаат викенд куќи, и бројот на жителите двојно или тројно се зголемува. Од четвртокот не е пронајден ниеден преживеан.

„Ќе продолжиме да трагаме и да копаме додека не бидеме сигурни дека веќе нема никој“, изјави Луиџи Д’Анџело, локален функционер на цивилната заштита. Меѓутоа, урнатините започнаа да се отстрануваат со багери, што значи дека надежите дека би можело да има уште преживеани се сè помали, забележуваат медиумите.

Во Италија денеска е прогласен ден на жалоста. Знамињата ќе бидат спуштени на половина копје во целата земја поради погребот на жртвите од Арквата дел Тронто, едно од трите населби на Апенините кои беа најтешко погодени од земјотресот. На погребот на триесетината жртви, вклучително и неколку деца во Асколи Пичено, во подножјето на планините, ќе присуствуваат италијанскиот претседател Серџо Матарела и премиерот Ренци.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе