Вести

(Во живо) Првата целосно женска вселенска прошетка

18. октомври 2019 - 15:41 | Б.С.Б.

Американските астронаутки Кристина Коч и Џесика Мер ќе влезат во историјата како учеснички во првата целосно женска вселенска прошетка во која ќе излезат од Меѓународната вселенска станица.

Првиот успешен лет се случи пред 58 години, оттогаш скоро 500 луѓе биле во вселената. Сега е интересно што за првпат во историјата НАСА испрати две астронаутки на вселенска прошетка, која треба да трае околу 5 часа.

Прошетката се пренесува во живо на каналот на НАСА и на нејзината мрежна страница. Астронаутките треба да заменат батерија во која се складира електрична енергија за соларни панели за да Станицата има електрична енергија и кога не е изложена директно на сонце.

Од Меѓународната станица, од 1998 година до денес се извршени 200 вселенски прошетки. Вкупно 14 жени досега прошетале во вселената, прва беше руската космонаутка Светлана Савицкаја во 1984 година.

Коментирај