ФОРМУЛА 1 2023

Волф: Ова е неприфатливо, ова е мојот најлош викенд во Ф1

Ф1
Макфакс
/ 06.11.2023 / 18:56

Првиот човек на Мерцедес, Тото Волф, викендот во Саун Паолу го нарече „неприфатлив“, па дури и најлош во неговата кариера.

По одличните изданија во Остин и Мексико Сити, и една година по победата на истото место, Мерцедес се надеваше на уште едно одлично издание на „Интерлагос“.

Сепак, викендот во Бразил беше кошмарен за Мерцедес. Луис Хамилтон и Џорџ Расел во квалификациите се мачеа со брзината, а во спринтот и самата трка имаа проблем со темпото во трката.

Епилогот на сѐ беше четвртото место на Расел во спринтот и откажувањето во 57. круг од трката, додека Хамилтон беше седми во спринтот, а ден подоцна на официјалната трка осми.

Според Тото Волф, недостатокот на перформанси прикажан во текот на викендот е збунувачки за него, а не нешто што тимот едноставно треба да го поправи.

„Имплементацијата на перформансите беше добар, но моментумот не се засноваше на тоа да бидеме речиси најбрзи во еден момент, а во следниот да завршиме таму каде што завршивме… на 8. место“, рече Волф. „За мене лично ова беше најлошиот викенд во последните 13 години“.

„Тотално збунувачки и во исто време неприфатливо за сите нас. Ние сме одговорни, ние сме солидна екипа, но не изгледаше дека сме солидна екипа“.

„Гледајќи ги последните три трки, бевме една секунда зад Макс, а една недела подоцна не нема никаде. Мислам дека ова едноставно не е во ред“.

Мерцедес додаде дека нема едноставен одговор зошто во Бразил имале толку лошо темпо во трката. Сепак, Волф призна дека биле премногу конзервативни со висината на болидот, што може да биде значаен фактор.

По дисквалификацијата на Хамилтон од второто место на Големата награда на САД поради грешка на болидот, се чини дека тимот жртвуваше повеќе отколку што беше потребно во Бразил за да се осигура дека овојпат нема проблеми со правилата.

„Го кренавме болидот премногу високо… но тоа не беше главната причина за апсолутен лош викенд“, додаде Волф.

„Нешто суштински не беше во ред, првенствено механички. Не е задното крило и не е висината на болидот, бидејќи зборуваме за милиметар или два“.

Запрашан дали оваа трка покажа дека тимот не научил ништо за нивниот болид за 12 месеци, Волф рече:

„Тоа е збунувачки. Од навистина брз автомобил, најдобро избалансиран, но и среќни возачи, до кошмар. Како е тоа воопшто можно? Што е тоа? Што е проблемот? Нема да ме изненади доколку ги анализираме болидите во следните неколку дена и дознаеме дека има механички проблем со начинот на кој ги поставивме или нешто слично. Ќе видиме!”

Тагови
реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more

Ф1

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Read more

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Read more

Верстапен победи во Кина, Норис втор, Перес трет

Read more

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Read more
 

Спорт

Баерн очајнички бара тренер

Читај повеќе

Нов „дијамант“ на македонската кошарка

Читај повеќе

Невидена измама: Потпишал за Динамо од Букурешт и го пуштил близнакот да игра место него

Читај повеќе

Жрепката за СП е за две недели, Македонија е во третиот шешир

Читај повеќе

Ѓоковиќ го боли ударот од шишето: По дебаклот во Рим најави дополнителни прегледи

Читај повеќе
  • play_arrow

На крилата на феноменалниот Јокиќ, Денвер врати и втор брејк против Минесота

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешниот голман на Челси тешко нокаутиран во KSW

Читај повеќе
  • play_arrow

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѓоковиќ погоден со шише по глава, полицијата трага по мистериозниот навивач

Читај повеќе