Volkswagen го оживува легендарното Buggy во електрично издание

Во текот на 60-тите и 70-тите години од минатиот век трендот кај многу сопственици на VW Beetle беше да ги преработат овие возила во така наречено Buggy. Покрај тоа што се работеше за прилично едноставна преработка, возењето во Buggy возилата беше неверојатно забавно.

Volkswagen уште одамна ја прифати оваа преработка како свој посебен модел, а сега сака на современ начин да го оживее тоа возило.

Германската компанија објави неколку фотографии со кои го најави новиот концепт за Buggy, кој не е базиран на моделот Beetle, туку на новата платформа Modular Electric Drive Matrix (MEB). На тој начин легендарното Buggy кое некогаш беше идеано за возење по песочните плажи и планини, сега е замислено како целосно електричен модел кој би требало да биде подеднакво способен и забавен.

„Buggy е повеќе од автомобил. Тоа е живот и енергија на четири тркала. Овие атрибути ќе бидат оживеани во новото e-Buggy кое ќе биде спој од ретро и футуристички дизајн, со кој ќе биде лесно препознатливо но истовремено и прилагодено кон модерното време“, изјави Клаус Бишоф, главниот дизајнер на Volkswagen.

Бидејќи се работи само за тизер, компанијата не понуди никакви конкретни информации за новиот модел. Јасно е дека примарната мисија на Volkswagen со овој ретро модел не е да се предизвика носталгија, туку да се покаже сестраноста на MEB платформата.

Volkswagen официјално ќе го открие концептот за ова е-Buggy за нешто повеќе од еден месец на Саемот за автомобили во Женева.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Концепти

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Read more

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Read more

Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Read more

Porsche 911 Turbo S на TechArt развива 790 КС

Read more
 

Автомобили

  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе