Волстрит под притисок од зголемените цени на производителите

На Волстрит, берзанските индекси паднаа бидејќи посилниот од очекуваниот пораст на цените на производителите во САД ги намали изгледите дека американската централна банка ќе почне да ги намалува каматните стапки во јуни.

Индексот Dow Jones загуби 0,35 отсто, на 38.905 поени, додека индексот S&P се лизна за 0,29 отсто, на 5.150 поени, а индексот Nasdaq 0,30 отсто, на 16.128 поени.

Најновите податоци покажаа дека цените на производителите во САД се зголемија за 0,6 отсто во февруари, двојно повеќе од очекуваното, најмногу поради повисоките цени на бензинот и храната.

Ова поттикна корекција на цените на акциите во секторите за комунални услуги и недвижности, кои се чувствителни на промените на каматните стапки.

Цената на акцијата на технолошката ѕвезда Nvidia падна, од друга страна, за 3,2 отсто, повлекувајќи го целиот сектор пониско во просек за 1,8 отсто.

Секторот на производители на чипови падна за 3,5 отсто

Од почетокот на неделата, секторот на производители на чипови падна за 3,5 отсто бидејќи инвеститорите решија да извадат дел од профитот од пазарот по неодамнешниот остар скок на нивните цени.

Следната недела инвеститорите ќе се фокусираат на состанокот на ФЕД. Се очекува централната банка да ги остави каматните стапки непроменети, а бидејќи инфлацијата остана покачена во последните два месеци, сè помалку е веројатно дека ФЕД ќе ги намали каматните стапки во јуни.

„Ако ја погледнеме вкупната инфлација, таа остана покачена во изминатите два месеци, но пазарот некако расте. ФЕД можеби нема да ја олабави монетарната политика оваа година колку што пазарот сакаше, но изгледите за натамошно затегнување сè уште се многу мал“, вели Тони Велч, главен директор за инвестиции на SignatureFD.

Од почетокот на годината, сепак, индексот S&P 500 сè уште е во пораст за приближно 8 проценти.

И на повеќето европски берзи цените на акциите завчера паднаа. Лондонскиот FTSE индекс се лизна за 0,37 отсто, на 7.743 поени, а франкфуртски DAX 0,11 отсто, на 17.942 поени. Парискиот CAC зајакна, пак, за 0,29 отсто, на 8.161 поен.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе