Фудбал

Волтерс ја однесе Ирска на ЕП

17. ноември 2015 - 8:58 | Макфакс

Репрезентацијата на Република Ирска се пласира на Европското првенство, откако во возвратниот меч од баражот ја совлада Босна и Херцеговина со 2-0. Првиот натпревар пред три дена кој се одигра во Зеница заврши без победник 1-1.

Ирците го слават Џонатан Волтерс кој беше стрелец на двата гола. Првиот гол го постигна од пенал во 24. минута, откако Зукановиќ играше со рака, а вториот во 70. минута по грешката на Врањеш.

Ирските репрезентативци пред своите гледачи одиграа далеку подобро од противникот, на кого не му дозволија посериозно да се закани. Босанците првиот директен удар кон ирскиот гол го имаа во 92. минута кога Ибушевиќ ја погоди гредата.

Ирска во Франција трет пат ќе учествува на европските првенства, во претходните две учества, во 1988 и 2012, не ја минаа првата фаза. Од друга страна БиХ, втор пат не успеа да го мине баражот за пласман на ЕП.

Последните две репрезентации кои ќе учествуваа на ЕП ќе бидат познати вечерва, кога реваншите ќе ги одиграат Словенија и Украина (0:2), односно Данска и Шведска (1:2).

Коментирај