Вооружени крадци ограбиле обложувалница, маркет и автомобил

Во три одделни кражби, вооружени и маскирани разбојници украле пари, документи и пиштол.

Вчера околу 19.19 часот во Скопје на ул.„Тале Христов“ поточно во спортската обложувалница „Спорт Лајф“, две непознати лица маскирани и вооружени со огнено оружје-пиштоли, извршиле разбојништво над еден вработен при што одзеле околу 19.000 денари, а потоа го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.

Истиот ден, во 20.42 часот во Скопје на бул.„Партизански Одреди“, во маркет „Стокомак 21“, непознат сторител вооружен со пиштол и маскиран со плетена црна маска, извршил разбојништво и од вработените одзел околу 27.000 денари, а потоа го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.

Кражба била извршена и околу 19,19 часот во Скопје на бул.„Борис Трајковски“ од страна на непознат сторител во автомобил „Ауди“ со скопски регистерски ознаки сопственост на К.С. (24) од село Сопиште-Скопје. Сторителот со употреба на погоден предмет го искршил задното десно стакло од возилото, ја протнал раката и одзел една црна ташничка во која имало документи и еден пиштол „Црвена Застава“ калибар 9мм, со две рамки и 18 куршуми калибар 9мм сопственост на таткото на К.С., кој го поседувал со дозвола. Крадецот избегал стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 30.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот

реклама

Хроника

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе