Вориорс 42 поени во една четвртина, Батлер постигна 40 поени

Неколку интересни натпревари се одиграа изминатата ноќ во НБА лигата. Голден Стејт постигна 42 поени во една четвртина, Џими Батлер реалзира 40 поени за Чикаго, а Џон Вол четири помалку за Вашингтон, додека Портланд ја прекина серијата од шест порази.

Кошаркарите на Голден Стејт, во дербито против Торонто, одиграа една од најдобрите четвртини во сезоната, имаа и 25 поени предност, но Торонто успеа да дојде до едноцифрена негатива, но не и посериозно да му се закани на фаворитот.

Голден Стејт во првата четвртина успеа да постигне 42 поени, а на крајот славеше со 121:111.

Стеф Кари со 28 поени и по 7 скока и асистенции беше најефикасен во домашниот тим, каде белскаше Кевин Дурент со 22 поени, 17 скокови, 7 асистенции и 5 блокади, а Клеј Томпсон постигна 21 поен.

Во редовите на Торонто тројца играчи постигнаа преку 20 кошеви: Демар Дерозан 29, Кајл Лаури 27, на кои придодаде 11 асистенции и 7 скоккови и Теренс Рос 24.

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=yz4NIVHFiB8]

Чикаго во драматичен меч славеше против Бруклин 101:99. Мечот го реши Џими Батлер, кој поентираше со звукот на сирената. Крилото на Булси мечот го заврши со 40 поени, а со девет поени во последните 150 секунди успеа да ја анулира предноста на Бруклин од седум поени. Во редовите на Бруклин блескаше центарот Брук Лопез со 33 поени.

На другите натпревари: Њу Орлеанс изненади со триумфот над ЛА Клиперс 102:98, Сан Антонио без Кавај Ленард славеше над Феникс 119:98, Џон Вол со 36 поени го предводеше Вашингтон до победата над Индијана 111:105, Шарлот убедливо славеше во Орландо 120:101, Атланата по едно продолжение го совлада Њујорк 102:98, а Портланд против Сакраменто триумфира 102:89 и ја прекина серијата од шест порази.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Кошарка

Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки

Read more

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Read more

Бакс и Лејкерс одиграа спектакуларно дерби со дури две продолженија

Read more

Балканците доминираа синоќа во НБА

Read more
 

Спорт

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Читај повеќе

Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки

Читај повеќе
  • play_arrow

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе