На 13 декември 2019 околу 18:10 часот на железничка пруга Велес-Кочани, на патен премин кај с.Лозово, се случила железничка незгода.
Патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје-Кочани удрил во патничко моторно возило„голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од И.Б.(30) од с.Милино.
Во незгодата со повреди се здобила И.Б. која била пренесена во Општата болница Велес, за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.