Возот што вчера сообраќал на релација Кичево-Скопје, кај Радуша удрил во автомобил по што починал возачот на автомобилот.
Несреќата се случила околу 21 часот, при што воз кој сообраќал на релација Кичево-Скопје удрил во автомобил марка „Фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управуван од О.Б.
Незгодата се случила по тргнување на возот од стојалиште Орешје кон железничка станица Радуша на првиот патен премин од левата страна.
Од ударот возачот се здобил со тешки телесни повреди по што починал на местото на настанот. Увид извршила увидна екипа на СВР Скопје.