Возачките дозволи без Северна ќе важат до крајот на годината

Собранието попладнево ги усвои законските измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со што возачките дозволи со старото име на државата, Република Македонија, ќе важат до 31 декември.

Законските измени беа усвоени со 90 гласа „за“ и ниту еден против и воздржан, по скратена постапка.

Претседателот Стево Пендаровски треба да го потпише Законот, па потоа тој да биде објавен во Службен весник, по што ќе стапи во сила.

Законските измени беа на предлог на пратениците Никола Мицевски, Мартин Костовски, Вјолца Адеми, Аднан Незири, Димитар Апасиев и Павле Трајанов.

Промената на Законот се случува откако претходно Министерството за внатрешни работи објави дека возачките дозволи со името Република Македонија нема да важат по 12 февруари ни во државава, а во случај на настаната штета при евентуална сообраќајна несреќа, поради невалидната возачка дозвола, граѓаните кои немаат валидна возачка дозвола ќе мора да ги сносат последиците околу евентуалната штета.

Од денеска во станиците за технички преглед почна распределбата на бесплатните налепници НМК за регистерските таблички.

реклама

Откриен нов вид „екстремно агресивна“ змија

Read more

3 симптоми на висок холестерол кои можат да се забележат на телото без тестирање

Read more

Голем неделен хороскоп од 17 до 23 јуни

Read more

Рецепт на денот: Пилешко „а ла Тоскана“

Read more

Македонија

Левица: Тарифата на нотарите енормно зголемена

Read more

Герасимовски: Учениците до 10 години може да бидат згрижени во градинките и за летниот распуст

Read more

Почина Стојан Андов – првиот претседател на Собранието на независна Македонија

Read more

Општина Карпош поставува „репелент“ за спречување на појава на змии

Read more
 

Вести

Левица: Тарифата на нотарите енормно зголемена

Читај повеќе

Герасимовски: Учениците до 10 години може да бидат згрижени во градинките и за летниот распуст

Читај повеќе

Почина Стојан Андов – првиот претседател на Собранието на независна Македонија

Читај повеќе

Тешко повредена скопјанка при судир меѓу мотоцикл и електричен тротинет

Читај повеќе

Повторно ќе биде сослушан осомничениот за убиството на двегодишната Данка

Читај повеќе

Општина Карпош поставува „репелент“ за спречување на појава на змии

Читај повеќе

Од четврток активно портокалово ниво за опасност од високи температури во Македонија

Читај повеќе

Објавен потесниот круг за регионалниот книжевен избор „Штефица Цвек“

Читај повеќе

Платформата за родова еднаквост за двојното убиство во Кратово: Станува збор за самоодбрана

Читај повеќе