Возачот кој прегази девојче: Срцето би го откорнал само да ја вратам

Возачот на камионот, кој во октомври минатата година прегази 12-годишно девојче меѓу населбите Хром и Влае, ја призна вината и побара прошка од семејството. Во својот емотивен исказ пред Судот, возачот Раде В. му изрази сочувство на семејството и рече дека за тоа што го сторил ќе страда цел живот.

Нему му се суди за тешки дела против безбедноста на луѓето и против имотот во сообраќајот, за кое е одредена максимална затворска казна до пет години.

„Верувајте ми чесен судија, никогаш во животот не сум помислил да повредам некого, тоа ангелче требаше да преживее. До гроб ќе го носам ова со себе. Не успеав да ја видам, не знам како и зошто се случи. Секогаш сум бил максимално внимателен во сообраќајот и никогаш не сум направил сообраќајка. Би го заменил нејзиното место и јас би легнал на нејзиното место. Срцето би го откорнал само да ја вратам. Која казна и да ја одредите, јас ќе страдам цел живот“, рече обвинетиот.

Во судницата присутни беа и членови на семејството на прегазеното девојче, кои исто така плачеа додека го слушаа исказот на обвинетиот.

Одбраната на обвинетиот побара од судот да му одреди алтернативна мерка наместо затвор. 

Како олеснителни околности, адвокатот ги спомена фактите дека никогаш не бил осудуван, дека се кае за стореното дело и има грижа на совест која ќе ја носи до крајот на животот.

Според одбраната, обвинетиот имал проблеми со срцето и бил единствениот член што обезбедува егзистенција на неговото семејство, а има и дете со нарушено психофизичко здравје, со дијагностициран тумор и во инвалидска количка.

Обвинителството, пак, побара на обвинетиот да му се определи и казна забрана за управување со моторно возило со оглед на тоа што обвинетиот е професионален возач.

Пресудата за сообраќајката ќе биде соопштена в четврток на пладне.

реклама

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Read more

Македонија

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Read more

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Read more

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Read more

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Read more
 

Вести

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Читај повеќе
  • play_arrow

Муцунски: Бојкотот не успеа, ДУИ оди во опозиција

Читај повеќе
  • play_arrow

ДИК: Ќе се избере претседател, излезноста надмина 40%

Читај повеќе
  • play_arrow

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Читај повеќе

75-годишен маж прегазен на паркинг во Скопје, сторителот побегнал

Читај повеќе

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Читај повеќе