„Врба на Милчо Манчевски премиерно прикажан на Римскиот филмски фестивал

Скопје, 20 октомври 2019 (МИА) –  Новиот игран филм „Врба“ на режисерот Милчо Манчевски синоќа имаше светска гала-премиера на 14. Филмски фестивал во Рим, која се одржа во салата „Петраси“ во најголемиот јавен музички комплекс „Паркот на музиката“.

Како што соопшти Министерството за култура, екипата од филмот присутна на фестивалот помина и на црвениот килим, а на проекцијата  присуствуваше и министерот за култура Хусни Исмаили.

Претходно вчера имаше утринска проекција на „Врба“ за новинарите, а потоа и прес-конференција со режисерот Манчевски и со  актерките Сара Климоска, Наталија Теодосиева и КамкаТоциновски.

„Врба“ на Фестивалот во Рим е селектиран во официјалната програма меѓу 33 филмови од 25 земји во светот.

-Најавувајќи ја програмата, уметничкиот директор на Фестивалот, Антонио Монда, го опиша филмот на Манчевски како „прекрасен“. Тој додаде дека годинава Фестивалот е во знакот на жената: елегантен и стамен, поими кои реферираат и на „Врба“, кој говори за мајчинство, љубов и доверба, наведува Министерството за култура.

Фестивалот беше отворен на 17 октомври со најновиот филм на актерот и режисер Едвард Нортон, „Бруклин без мајка“, во кој играат Брус Вилис, Алек Болдвин и Вилем Дефо.

Филмскиот фестивал во Рим е голем културен настан каде што публиката има можност за директен разговор со најголемите режисери, актери и писатели. Исто така, паралелно со Фестивалот има и голем филмски маркет за пласман на филмовите и за склучување нови проекти.

„Врба“ е шестиот долгометражен филм на Милчо Манчевски. Игра млада актерска екипа: Никола Ристески, Сара Климоска, НаталијаТеодосиева, Ненад Нацев, Камка Тоциновски. Во другите улоги настапуваат: Петар Мирчевски, Благој Чоревски, Ратка Радмановиќ, Ана Костовска, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова-Периќ и други. Музиката ја потпишува Кирил Џајковски, дизајнер на продукција е Дејвид Манс, директор на фотографија е Тамаш Добош, а продуцент на филмот е Јане Ќортошев. Филмот е во продукција на „Банана филм“ и е македонско-унгарско-белгиска копродукција, со учество и на Албанија. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Читај повеќе

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Читај повеќе

Македонија денеска избира претседател: 5 имиња се на гласачкото ливче

Читај повеќе

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе