Објавен е вториот трејлер за филмот „The Accountant“, со Бен Афлек и Ана Кендрик во главните улоги. Премиерата е закажана за 14 октомври.
Афлек толкува улога на надарен математичар кој станува сметководител на една од најопасните криминални организации. Во првиот трејлер Афлек беше претставен како Кристијан Волф, но вториот трејлер има повеќе акција.
Во останатите улоги се појавуваат Ана Кендрик, Џон Бернтал, Алисон Рајт, Џон Лајтгоу и други. Филмот е во режија на Гевин О’ Конор.
[jw: https://www.youtube.com/watch?v=3KQX2sIhQJY]