Бизнис

Webit Festival 2017: Tрojца нови говорници на Самитот за Маркетинг и Иновација

10. јануари 2017 - 14:20 |

Самитот за Маркетинг и Иновација во склоп на Webit Festival повторно ги собира на едно место најдобрите извршни директори, информациски и технички директори од светот на маркетингот, медиумите, издавачите и дигиталните и маркетинг агенциите.

На 25-26 април 2017, Webit Festival е местото каде што треба да бидете ако сакате да ги дознаете најновите трендови во маркетинг, медиумите и како дигиталата трансформации целосно го изменува бизнис светот. Меѓу говорниците на самитот се приклучуваат три нови имиња - тројца врвни личности од огромни маркетинг агенции, а подоле дознајте нешто повеќе за нив.

Џејсон Џерсинович - Бренд директoр и претседател на Havas Worldwide

Џејсон е гуру за дигитален маркетинг со повеќе од 20 години искуство во маркетинг и технологија, со клиенти како Џастин Бибер, Nike, Тејлор Свифт и други. Тој верува дека иднината е во когнитивноста „Никој не знае што ќе се случи следно. Успехот доаѓа кај оние кои се адаптираат. Одговорете на промените и шансите со спознавање на потребите и болките на вашиот корисник. Когнитивноста е компетитивната предност што овозможува партнерство помеѓу луѓето и компјутерите“, заклучува Џејсон.

Фара Ворнер - Глобален уреднички директор на Wall Street Journal Custom Studios

Фара е глобален уреднички директор на интерната маркетинг агенција на медиумскиот гигант Wall Street Journal, со искуство во повеќе полиња, а како еден од последните клиенти го издвојуваме Netflix, кој ја најми Фара и нејзиниот тим за да го привлече вниманието на јавноста кон ТВ серијата „Narcos“. Таа исто така предава новинарство на универзитетот на Мичиген и е автор на книгата „The Power of the Purse: How Smart Companies Are Adapting to the World’s Most Important Consumers–Women“. Досега била објавувана повеќе пати, а добитничка е на дијамантската награда за Жени во комуникации (2006).

Крис Кларк - Креативен директор на Digitas Lbi

Кларк е наградуван креативец со преку 20 години искуство во дигиталната индустрија и клиенти како Sony, Samsung и Coca-Cola. Досега бил награден од бројни организации како Cannes in the Cyber Lions, D&AD, LIAA, Campaign Digital, Campaign Direct, Campaign Big Awards, Revolution, BIMA, Webby и Lovie awards.

Главните теми на говорите на Webit самитот ќе се фокусираат на порастот на употреба на виртуелна и надополнета реалност во дигиталниот свет, социјални стратегии на брендовите, дигитални реклами, видео маркетинг, вештачка интелигенција во маркетингот, бенефициите од раскажување на приказни во адвертајзингот, креирање на врски со публиката итн.

Обезбедете го вашето присуство на Webit Festival во Софија и купете ги вашите билети тука.

 

Коментирај