Microsoft објави дека меѓу новитетите кои ќе ги донесе големата надградба Creators Update која ќе биде лансирана во април годинава, ќе пристигне и Game Mode - мод кој ќе го оптимизира компјутерот за играње.
Како што и самото име кажува, новата опција ќе биде целосно посветена на гејмингот, што значи по вклучување на играта, Windows најверојатно автоматски привремено ќе ги исклучи или сопре програмите и процесите кои се одвиваат во позадина, за играта да може максимално да ги користи ресурсите на вашиот компјутер и со тоа да ги унапреди перформансите.