Xiaomi го претстави својот прв смартфон со свитлив екран

Кинеската компанија Xiaomi го откри првиот свитлив телефон преку кратко видео, во кое се прикажува како смартфонот се превиткува и може да заземе облик на таблет.

Коосновачот и претседател на Xiaomi, Лин Бин, го прикачи едноминутното видео на Weibo, и тоа беше претставено заедно со неколку детали за овој нов модел.

Кога уредот е расклопен, двете страни од него можат да се превиткаат наназад за да се трансформира од таблет во компактен телефон. За разлика од другите свитливи телефони кои беа претставени периодов, овој изгледа доста практично, пишува The Verge.

Бин откри дека уредот на видеото е само индустриски модел. Тој вели дека Xiaomi успеал да прејде преку проблемите како флексибилната технологија за превиткување на екранот, технологијата на флексибилност на маската, MIUI адаптацијата и слично.

Изгледа дека Xiaomi го има приспособено MIUI софтверот за потребите на свитливиот телефон. Во видеото може да се види како содржината се репродуцира на уредот додека Бин го склопува од таблет во смартфон.

Засега не е познато кога свитливиот смартфон на Xiaomi ќе се појави на пазарот, ниту пак колку ќе чини, но најавени се повеќе информации за време на Mobile World Congress, кој започнува за еден месец.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе
  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе