Бизнис

Youtube и Google казнети 170 милиони долари во САД бидејќи не штитат деца

4. септември 2019 - 16:38 | МИА

Вашингтон, 4 септември 2019 (МИА) – Google и нивниот видео портал Youtube, обвинети се за кршење на закони со изложување на деца на несоодветни видеа или собирање лични информации за нив. Тие ќе платат казна од 170 милиони американски долари во САД, објави денеска Агенцијата за заштита на потрошувачите (FTC).

Постигнат е договор за тоа што треба да добие зелено светло од Министерството за правда на САД.

Сепак, ова е досега далеку најголема казна во случај што се однесува на заштита на приватноста на децата.

Во април 2018 година, 23 организации за права на Интернет и заштита на децата поднесоа жалба до Агенцијата за заштита на потрошувачите.

Тие го тужеа Youtube дека без знаење на родители добира лични податоци на малолетници (место, уред што го користат, телефонски број) без знаење на нивните родители и ги користат за целни реклами.

Коментирај