ФИБА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КИНА 2019

За американскиот селектор Австралија, а не Србија е најголемиот ривал за титулата

Грег Попович смета дека ако шампион не стане САД, тогаш големи шанси тоа да го направи има репрезентацијата на Австралија.

Американците моментално се на подготовки токму во Австралија каде Попович им напомена дека нивната репрезентација ја смета за најголем ривал и тоа не затоа што тој е таму и зборува со нив.

„Австралија за нас е огромна, огромна закана. Тие се тим кој може да стане шампион, без сомневање. Не го велам ова бидејќи јас сум тука. Тоа едноставно е факт... Тие се добри веќе неколку години и сега се гладни за успех. Имаат талент, цврстина и физичка спремност да одат до крај. Без сомневање сметам дека тие се едни од најсериозните кандидати за титулата“, изјави Попович за Associated Press.

„Кенгурите“ имаа проблеми составувајќи го тимот откако Бен Сајмонс од Филаделфија 76ерс отпадна поради повреда, но сепак имаат и тоа како конкурентен состав. Австралијците се во незгодна група со Канада, Литванија и Сенегал.

Составот на квалитетната Австралија:

бекови:
Метју Делаведова - Кливленд Кавалирс, САД
Камерон Глајдон - Бризбејн Булетс, Австралија
Крис Гулдинг - Мелбурн Јунајтед, Австралија
Пати Милс - Сан Антонио Спарс, САД
Нејтан Соби  - Бризбејн Булетс, Австралија

крила:
Дејвид Барлоу - Мелбурн Јунајтед, Австралија
Мич Крик - Саут Ист Мелбурн Феникс, Австралија
Џо Инглс - Јута Џез, САД
Ник Кеј - Перт Вајлдкетс, Австралија

центри:
Арон Бејнс - Феникс Санс, САД
Ендрју Богут - Сидни Кингс, Австралија
Џок Лендејл - Жалгирис, Литванија

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Кошарка

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Read more

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Read more

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Read more

Евролигата ригорозно го казни Теодосиќ: 15 илјади евра и 2 меча суспензија

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе