За големи и мали: Зошто треба да го посетите фестивалот „Сонот на облачето“?

Седмото издание на Интернационалниот детски фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето“ годинава ќе се одржи од 25 до 27 ноември на Сцената Фросина во просториите на Младинскиот културен центар во Скопје.

Како единствен фестивал од овој тип во поширокиот регион, фестивалот „Сонот на облачето“ успешно придонесува кон интернационална и локална афирмација на театарот на сенки, а воедно е и една од ретките манифестации кај нас што во континуитет прикажува претстави од странска продукција пред детската македонска публика.

Што може да гледате?

25 ноември (понеделник)

На првата фестивалска вечер, на 25 ноември, со почеток од 19:30 часот, пред аудиториумот ќе се претстават Luz Micro Y Punto од Шпанија со претставата „Светлосни години“ - уникатна претстава која ѝ дозволува на публиката да ѕирне подлабоко во играта со сенки поставувајќи ја сценографијата пред белото платно. „Светлосни години“ е приказна за сонот, за копнежот и за нераскинливото другарство помеѓу една дрвена марионетка и синото јајце, сето тоа проследено со изведба на музика во живо.

26 ноември (вторник)

Во продолжение на фестивалското издание, на 26 ноември, со почеток од 18 часот, најпрво ќе биде прикажан анимираниот филм со сенки „Црна школа“ - проект на младиот Фабијан Штроебер од Германија, кој по проекцијата ќе одржи презентација за креативниот процес на изработка на анимацијата. Веднаш потоа, со почеток од 19:30ч по втор пат во Скопје гостуваат Cia Quase Cinema од Бразил, овој пат со нивната најнова претстава „Циркус анимус“. Во оваа визуелна вртелешка од претстава е заробен единствениот магичен ловец на сенки, кој ги грабнал сенките на најголемите акробати и циркузанти на сите времиња. А каде ли на друго место слон ќе се претвори во глушец ако не во претстава со сенки?

27 ноември (среда)

Последната фестивалска вечер ќе ја одбележи изведбата на претставата „Алиса и чудата“ во 19:30 часот од страна на организаторот на фестивалот Театар „Сенки и облаци“.

Театар „Сенки и облаци“  ја разгледува темата за постоењето на времето како можеби единствениот репер за допир со реалноста. Алиса на своето патување во земјата на чудата среќава разни ликови, секој од нив со свои длабоки верувања за тоа што претставува времето, а кои единственото нешто што ги поврзува е состојбата на истовремен хаос и статус кво.

"Колку е часот?

Предмалку беше 6, a сега е повторно 6.

Засекогаш 6.

Колку трае засекогаш?

Толку нешта се случуваат, а ништо не се променило..."

Работилници за деца

Во среда од 18:00 часот во МКЦ ќе биде одржана работилницата насловена „Во движење” за која со здружени сили бразилците Cia Quase Cinema и Бразилскиот културен центар ќе ја раскажат приказната за настанувањето на капуерата. Боречка вештина прикриена во танц, а прикажана преку сенки со тела. Ова е редок случај кога во театар на сенки е добредојдена белата боја, која е карактеристична за капуерата.

Учеството во работилницата е бесплатно со задолжително пријавување преку порака на Фејсбук.

Во недела, 24 ноември, од 12:00 часот како загревање на атмосферата во Театар „Сенки и облаци” ќе се одржи Работилница за вешто и уметничко сецкање и обликување на хартија за театар на сенки. Детската фантазија и смелите цртежи во соработка со професорките од Институт „Конфуциј“ Скопје ќе ја предизвикаат детската фантазија со приказната за „Кинеската Одисеја“ и заедно ќе ги изработат протагонистите. Магијата ќе биде надополнета со вистински традиционални кинески кукли за театар на сенки, кои заедно со изработките ќе бидат изложени за време на фестивалот во фоајето на МКЦ.

„Кинеската Одисеја“ ја раскажува приказната за патувањето на Запад (всушност Централна Азија и Индија) на будистичкиот монах  Шуанѕанг (Монахот Танг), кој во времето на династијата Танг тргнува на овој долг пат со цел да ги најде вистинските будистички свети книги (сутри). На ова патување го придружуваат Сун Вуконг (Кралот Мајмун), Џу Баџије (Осум Заповеди Прасе или само Гуде/Прасенце ) и Ша Сенг (Монахот Песок).  Учителот и неговите следбеници влетуваат во разни неволји, се борат со чудовшта и после 81 искушение се стекнуваат со вистинските свети будистички книги и доживуваат просветлување.

Учеството во работилницата е бесплатно со задолжително пријавување преку порака на Фејсбук.

А во фоајето на МКЦ ќе биде поставена инсталацијата “Облаче за секое дете” - продажна изложба на светлосни објекти за кои инспирација се небото, облаците и детската слобода. Делата се креирани од реупотребени материјали во рамките на ХОПС, а средствата собрани од продажбата се наменти за децата со кои ХОПС соработува.

Организатор на фестивалот е Театар „Сенки и облаци“ од Скопје, кој со поддршка од Министерството за култура на С.Р.М., Градот Скопје и МКЦ ќе ѝ овозможи на најмладата публика да ужива во несекојдневните спектакли со сенки.

Билетите за претставите се во продажба на билетарницата на МКЦ по цена од 150 денари, како и онлајн на bileti.mkc.mk.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Култура

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Read more

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Read more

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Read more
 

Вести

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе