За колку време електричен автомобил ќе помине 1000 километри?

Citroën организираше многу интересен тест. Водени од сознанието дека способноста за спокојно тргнување на долги патувања е една од главните пречки за прифаќање на електричните модели, решија да направат едноставен тест.

Намерата беше да откријат колку време му е потребно на електричен автомобил да помине растојание од 1000 километри, но земајќи ги предвид сите критериуми: капацитет на батеријата, потрошувачка на енергија или брзина на полнење. Тие делумно се водеа од фактот дека многу производители на електрични автомобили, за да го зголемат досегот на своите возила, ги опремија со потешки и поскапи батерии кои трошат повеќе енергија.

Citroën соработуваше со UTAC, глобално призната групација во областа на автомобилски тестови, валидации и сертификати. Прашањето што им беше поставено беше едноставно: колку време е потребно за да се поминат 1000 км со електрично возило, поточно ë-C4X?

Тоа е прашањето со кое се соочува клиентот кога ги гледа спецификациите: големина на батеријата, сертифициран опсег, тежина, брзина на полнење итн., без целосно да разбере како тоа се претвора во употреба во реалниот свет.

Со цел да обезбеди референтни точки, UTAC имаше задача да спроведе тест под строго слични услови каде што беа споредувани многу слични конкурентни возила: Renault Mégane e-Tech, Volkswagen ID 3 и MG 4. Местото за тестирање беше Circuit de Mortefontaine, на 50-тина километри од Париз, што значи дека условите на патиштата не влегле во равенката.

И, конечно, Citroën ë-C4 X се покажа како најбрз кој помина 1000 км со вкупно време, вклучувајќи го и полнењето, од 11 часа и 57 минути. На конкурентите им требаше помеѓу 14 и 67 минути подолго да го поминат истото растојание. Според тоа, резултатите се условени од помалата потрошувачка на енергија и оптимизираното време на полнење.

Со оглед на тоа што тестот беше организиран и финансиран од Citroën, секако дека не можеме да бидеме целосно сигурни во објективноста на критериумите, затоа нема ни да го откриеме редоследот, но за пофалба е што многу тешко разбирливите термини поврзани со електричните возила ѝ беа преведени на пошироката јавност на „секојдневен“ јазик.

реклама

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Авто новости

Почна производството на електричниот Porsche Macan, целта е 20.000 примероци за една година

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Read more

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Read more
 

Автомобили

  • filter

Почна производството на електричниот Porsche Macan, целта е 20.000 примероци за една година

Читај повеќе
  • play_arrow

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Читај повеќе
  • filter

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Читај повеќе

Како да препознаете дека акумулаторот слабее?

Читај повеќе

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Читај повеќе

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Читај повеќе
  • play_arrow

Tesla ги чува непродадените возила на паркинг во трговски центар

Читај повеќе