За ова ли човештво работи Елон Маск?
Елон Маск е научник, изумител и бизнис магнат, за кој може слободно да кажеме дека го менува светот во кој живееме. Пионир во индустријата со електрични автомобили, лидер во вселенските програми во приватниот сектор, накратко, визионер кој го носи човештвото каде што не било досега.
На International Astronautical Congress, Елон Маск ги претстави плановите за интерпланетарно патување, поточно, патување на Марс и зборуваше за изградба на град на оваа планета. На крајот на презентацијата, Маск ја покани публиката да му поставува прашања, а поставените прашања од луѓето нè поттикнаа да се запрашаме:
За ова ли човештво работи Елон Маск?