Воздухопловно-вселенските сили на Русија почнаа со работа на новиот ОТХ радар наречен „Контејнер“.
Системот ќе може да детектира „невидливи“ авиони на оддалеченост од 3.000 километри, изјави главниот инженер на радарската станица во Мордовија, Михаил Петров.
„Авионите направени со помош на стелт технологијата за нас не се невидливи. Ние ги гледаме, ги следиме и ги наоѓаме на оддалеченост од околу 3.000 километри“, истакна Петров.
Тој објасни дека приемната антена на новата радарска станица го детектира сигналот кој се враќа од Европа, од земјите во Песискиот Залив, Кина, Казахстан и така натаму. Сигналот се емитува од центарот за емитување на неколку десетици километри од радарот. Новата станица користи принцип на одбивање на сигналот од јоносферат.
„Во светот не постојат такви станици. САД, Велика Британија и Франција се во процес на развивањењ, а и Кина активно работи на тоа. Има модели и во Австралија. Но, таква структура, со толку моќен софверски и алгоритамски комплекс, такви средства нема никаде во светот“, рече главниот инженер.
Тој додаде дека најсложената задача на оваа комплексна опрема е што со обработка на сигналите може да ги издвојува целите како што се бомбардери, крстосувачки ракети, носачи на авиони... Системот може да следи и мали летала како авиони „Цесна“.