СЕРИЈА А 2020/21

За што се искинаа од смеење Пандев и Буфон?

Нашиот Горан Пандев и големиот Џиџи Буфон синоќа се растурија од смеење, а видеото од нив двајца стана вирално.

Синоќа на „Алианц“ стадионот во Торино Јувентус го пречека тимот на Горан Пандев и го победи со 3:1. Пандев играше до 63. минута, додека Буфон беше на клупата за резерви, но најдоа момент да се начекаат на муабет.

Така, наместо головите од победата над „Грифоните“, фудбалските фанови ширум интернетот ја споделуваат снимката на која се гледа како Горан Пандев и Џанлуиџи Буфон имаат еден навистина пријатен разговор од кој и двајцата пуката од смеење.

URL

Капак на сѐ е коментарот на англискиот коментатор од ESPN.

„Се прашувам за што зборуваат? 'Кога ќе се пензионираш? Не, кога ти ќе се пензионираш?'“, коментираше тој.

Во еден момент Буфон прави гестикулација со рацете која означува крај на нешто, па веројатно токму и за пензионирањето зборувале.

Нормално, на социјалните мрежи се јавија разно-разни теории. Една вели дека се шегувале за бламажата која Пандев и другарите од репрезентацијата ѝ ја приредија на Германија, а други, пак, велат дека се шегувале за оној легендарен гол на Пандев од 2005 кога ја издрибла целата одбрана на Јуве и му даде гол токму на Буфон.

Remote video URL

Во секој случај, убаво си се насмеаја, а богами и сите ние заедно со нив.

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Фудбал

Серхио Рамос се сели преку океанот

Read more

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Read more

Баерн очајнички бара тренер

Read more

Невидена измама: Потпишал за Динамо од Букурешт и го пуштил близнакот да игра место него

Read more
 

Спорт

Серхио Рамос се сели преку океанот

Читај повеќе

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Читај повеќе

Ѓоковиќ би можел да се збогува со тенисот по Олимпијадата

Читај повеќе
  • play_arrow

Пиров трипл-дабл на Дончиќ оти киксна кога најмногу беше потребен - Оклахома израмни на 2-2

Читај повеќе

Баерн очајнички бара тренер

Читај повеќе

Нов „дијамант“ на македонската кошарка

Читај повеќе

Невидена измама: Потпишал за Динамо од Букурешт и го пуштил близнакот да игра место него

Читај повеќе

Жрепката за СП е за две недели, Македонија е во третиот шешир

Читај повеќе

Ѓоковиќ го боли ударот од шишето: По дебаклот во Рим најави дополнителни прегледи

Читај повеќе