Интернет
Facebook хејтери, повелете!

За сите кои сакаат трајно бришење на нивните Facebook профили

7. октомври 2011 - 19:42 | Б.И

Преку глава ви е од Facebook? Ве нервираат сите тролови, мудри глави и останати фаци кои мислат дека се интелектуалци затоа што имаат интернет пристап? Еј, тука сме за да ви помогнеме :)

Ако сакате трајно да го избришете својот Facebook профил (значи, не да го деактивирате, туку - избришете), сега имате и како: ќе кликнете тука (ВНИМАТЕЛНО!) и потоа ќе треба да покажете истрајност во одлуката и да причекате додека добрите луѓе во најголемата социјална мрежа во светот ќе одлучат да го одобрат вашето барање, пишува Wall Street Journal.

Каде е трикот? Откако еднаш ќе го пратите барањето за трајно бришење на вашиот Facebook идентитет, не смеете да се логирате повторно на мрежата - во спротивно, налогот за бришење ќе биде поништен. Од Facebook напоменуваат дека откако еднаш ќе биде избришан вашиот профил, и да сте му роднина на Марк Закерберг, нема да биде можно неговото враќање.

Освен што не смеете да се пријавите на Facebook мрежата, не смеете ниту да „лајкувате“ или да споделувате вести, видеа или било што од веб страниците кои имаат таква опција. Facebook Connect исто така не доаѓа предвид.

Ако издржите, вашата корисничка сметка би требало да биде избришана за 14 дена.

Значи, ако навистина сакате да го избришете вашиот Facebook профил, поднесете барање и - бидете трпеливи.

Коментирај