За Заев договорот за законот за ЈО е близу, за Мицкоски ставовите се далеку

Скопје, 21 септември 2019 (МИА) – Премиерот Зоран Заев смета дека работните групи не се далеку од постигнување договор за законот за јавно обвинителство, потребно е да се вложат повеќе напори и како што рече „да се надминеме себеси“, додека за лидерот за опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски  во моментов позициите на двете преговарачки страни се многу различни. И двајцата се подготвени за нова лидерска откако ќе им дадат сигнал работните групи.

А нов состанок на работните групи за законот денеска нема да се одржи, потврдија за МИА од Министерството за правда, иако вчера пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски рече дека е можно денеска да има нова средба, а оваа можност не ја отфрли ниту премиерот Заев.

– Очекувавме да има вчера. Спремни бевме и денеска, но гледаме дека власта од можеби објективни или субјективни причини не брза. Ни беше најавено дека можно е да имаме средба утре. Доколку се расположени и спремни, ние немаме никаков проблем да ја одржиме, изјави Милошоски, изјави вчера пратеникот.

Премиерот Заев вчера со порака дека ќе седне на маса со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во врска со законот за јавно обвинителство, но откако работните групи ќе дадат сигнал до него и лидерот на опозицијата за напредок. Тој смета дека навистина не се далеку од постигнување договор и апелира да се вложат повеќе напори во таа насока.

-Верувам дека можеме да направиме напори, навистина не сме многу далеку, само треба да се надминеме себеси посебно во услови кога еве предметите се обезбедени и имаат своја иднина. Дајте да испратиме порака до меѓународните партнери од ЕУ дека навистина како што досега се договаравме со консензус да гласаме во Парламентот за сето она што е поврзано со реформите поврзани со ЕУ и овој закон за јавното обвинителство го договориме. Стојам на располагање целосно. Штом работните групи ќе го дадат сигналот до мене и г. Мицкоски и ние да седнеме да го договориме овој закон за јавното обвинителство, рече Заев.

А Мицкоски во интервјуто за МИА, нагласи дека од последната лидерска немало официјална комуникација на ниво на претседатели на партии меѓу него и претседателот на СДСМ и премиер и оти во моментот позициите на двете преговарачки страни се многу различни.

Според него на власта не и одговара да се донесе законот за јавно обвинителство, а СДСМ сака да го закочи целиот процес.

– Нашите позиции се многу различни во овој момент. Нашата позиција се процесите и безусловно почитување на законите и Уставот. Нивната позиција е индивидуи, луѓе кои во целиот овој процес му слугувале на Заев, вели тој и додава дека очекува деновиве работните групи да се сретнат, вели Мицкоски.

За тоа дали ќе има нова средба со Заев за законот за ЈО, Мицкоски вели дека лидерска е можна ако претходно се постигне приближување во ставовите на двете страни.

Од последната лидерска поминаа десетина дена. Доцна во ноќта на 10 наспроти 11 септември Заев и Мицкоски во присуство на работните групи се обидоа да најдат заеднички јазик за законот, но по маратонскиот шестчасовни разговори не успеаја во тоа.  Клучната разлика околу која се кршеа копјата меѓу двата тима беше судбината на предметите на СЈО.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе