АМСМ соопштува дека денеска, во 15.20 часот е воведена забрана за тешки товарни возила на патниот правец Кочани-Делчево-граничен премин Делчево. Забраната за сообраќај за тешки товарни возила за планинскиот превој Стража во 15.30 ч се укинува.
Од 15.30 часот на патниот правец Виница-Берово и Виница-Кочани е воведена забрана за товарни возила, поради обилни врнежи од снег.