Свет

Забранет влез за Марадона во САД, бидејќи го навредил Трамп

2. февруари 2018 - 12:26 | М.Д.

Аргентинската фудбалска легенда Диего Армандо Марадона (57), не добил виза за влез на територијата на Соединетите Американски држави, поради навредливи коментари на сметка на претседателот на САД Доналд Трамп.

Имено, Марадона гостувајќи во една шоу програма во Венецуела, претседателот на САД, Доналд Трамп, го карактеризирал како „будала“ и „лик од цртаните филмови“, а очигледно Трамп добро памети и сега возвраќа.

„Едноставно не го доживувам како политичар. Ме потсетува на оние ликови од цртаните филмови. Штом ќе го видам Трамп на телевизија веднаш го менувам каналот, или само ќе го исклучам телевизорот“, изјави тогаш Диего Марадона.

Аргентинецот требало да оди во Мајами за да присуствува на сослушувањето на поранешната сопруга, а неговиот адвокат Матијас Морла рекол дека Марадона бил шокиран кога во Амбасадата му рекле дека не може да влезе во САД.

„Знаев за што се работи, штом ми рекоа дека Диего не може да патува. Ќе морам јас наместо него да се појавам во Мајами“, изјави Морла.

За потсетување, Марадона уште од 1994 година и Светското првенство во САД, се нема појавено во оваа земја.

Коментирај