Заедно до средно Водно – рекреација и поддршка во борбата против дијабетес

Во текот на утрешниот ден, 9 ноември од 10 до 13 часот, Сојузот на здруженија на дијабетичари организира настан за сите љубители на спортот и здравите животни навики, со цел да се подигне свесноста за дијабетесот, како и да се едуцира општата јавност за важноста на семејството во третманот и разбирањето на и потребите на лицата со дијабетес.

Рекреативното искачување на Водно е дел од овогодинешните активности поврзани со Светскиот ден за борба против дијабетес. Настанот започнува со средба на учесниците во 10:00 ч. пред О.У. „Кочо Рацин“ по што планирано заедничко искачување до средно Водно. За секој учесник предвидена е редовна контрола на гликемиите, како и пакет за освежување. Оние кои не можат да испешачат, може да ги искористат редовните автобуски линии на ЈСП и да се придружат на паркингот на средно Водно каде продолжува дружењето. На искачувачите ќе им се придружи и група велосипедисти, поддржувачи на борбата против дијабетесот, кои со симболична кружна рута преку средно Водно и Пантелејмон до О.У.,,Кочо Рацин“ ќе го извозат т.н. син круг кој е всушност знакот на лицата со дијабетесот.

Уште една одлична можност за сите ентузијасти и љубители на рекреативното планинарење да го искористат викендот за рекреација, но и активно да се вклучат и да ја поддржат иницијативата. На настанот ќе земат учество и претставници на разни компании, како и секој оној кој доброволно сака да се приклучи и да даде поддршка. 

*Промотивен текст

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе