Заев: Ако ЕУ не донесе одлука за преговори значи не го почитува и го казнува Преспанскиот договор

Виена, 16 октомври 2019 (МИА) – Ако Европската Унија не донесе одлука за почнување на преговори со Северна Македонија тоа практично ќе значи дека не го почитува, па дури и дека го казнува Преспанскиот договор, вели премиерот Зоран Заев во изјава за српската новинска агенција Танјуг.

-Сите велат дека Преспанскиот договор досега е еден од најдобрите примери на Западен Балкан. Ако ЕУ го казни овој договор со одлагање на пристапните преговори со Северна Македонија, како може тогаш да се очекува дека ќе биде најдено решение за косовското прашање, или како ќе се мотивираат босанските лидери да најдат решение во БиХ, рече Заев.

Тој сепак се надева дека лидерите на ЕУ ќе дадат зелено светло за отворање на преговорите со Северна Македонија.

Посочува дека ниедна земја членка нема забелешки кон нас, туку проблем е само барањето на Франција за реформа на преговарачкиот процес, кој според Заев може да се одвива паралелно со процесот на проширување.

Северна Македонија, нагласува Заев, нема друга  алтернатива освен ЕУ, и нема да отстапи од европскиот пат. Според него, натамошното одложување на стартот на преговорите може да предизвика пад на Владата во Скопје, но оти на нејзино место ќе дојде друга која ќе го продолжи европскиот пат.

– Поради ова го променивме нашето име, направивме договори со Грција и Бугарија и ги унапредивме односите со другите соседи. Верувам дека ЕУ ќе не мотивора да продолжиме со работа и да постигнеме уште поголеми успеси, изјави Заев за Танјуг. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе