Заев: Да се пријавува и казнува работодавачот кој бара назад дел од минималната плата

Скопје, 20 ноември (МИА) – Премиерот Зоран Заев апелира до надлежните институции да изрекуваат казни доколку некој работодавач бара работникот да врати дел од исплатената минимална плата. За такво нешто, како што рече, со Кривичниот законик, е регулирана казна затвор, а работниците треба да пријавуваат доколку има такви случаи.

– Ако државата, синдикатот,  коморите,  стиснале заби и направиле сериозен исчекор поврзан со минимналната плата во амбиент кога државата ги субституира придонесите за секое покување, вклучително и за минималната плата,  апелирам до сите за казнивост веднаш за оваа незаконитост што ја спомнавте како можност. Тоа не само што е незаконитост, туку е и зло. Да барате од работникот да врати дел од парите назад е зло. Зборуваме за плата од 14.500 денари, а сметките на четиричлено семејство се 10.000 со сите штедења. Законите предвидуваат затвор, ова е регулирано во Кривичниот законик. Апелирам до сите, Трудовиот инспекторат, Финансоовиот инспекторат, Финансиската полиција, мојот Кабинет стои на располагање, изјави Заев, одговарајќи на новинсраки прашања на прес-конференцијата во Владата за платформата „Отворени финансии“.

Според Заев, за да пријават работниците можат да ги користат сите алатки на демократијата.

- Тука им е секој медиум, има можност за заштитеност на нивниот идентитет, има можност да си го ангажираат синдикатот, анонимно да контактираат со инспекции, да се јават во мојот и во кабинетите на министрите, рече премиерот Заев.

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе