Заев може да ги повлече членовите од ДИК

Во четврток, по консултации со членовите во Државната изборна комисија, поставени на предлог на СДСМ, партијата ќе одлучи дали ќе ги повлече, со што би се опструирала работата на оваа државна институција, откако синоќа на прес-конференција лидерот Зоран Заев, објави дека тие нема да учествуваат на како што рече, лажни избори на 5 јуни.

„Утре (четврток) имаме состанок со нив уште еднаш да ги видиме сите аргументи и факти. Ние ја следевме јавната седница. Знам дека понатаму продолжуваат контактите, комуникациите и слично. Ќе ги видиме сите факти и аргументи кои се на располагање и секако една од поизвесните одлуки е нивно повлекување, но штом ќе ја донесеме одлуката веднаш ќе ве информираме“, рече Заев, во средата доцна навечер, одговарајќи на новинарско прашање. 

Појасни дека максималните рокови по сите теоретски можности вклучувајќи и одлука на (претседателот на Собранието) Трајко Вељаноски да го одложи согласно закон, распишувањето на изборите, тоа е 15 април, според Изборниот законик, сите податоци институциите се должни да ги достават до ДИК во форма на конечен Избирачки список што значи до 16-ти април.

„ДИК работи. Секако ние ќе ги консултираме ДИК во делот на намерата и интенцијата на нашите членови и утре (четвротк) ќе ја донесеме одлуката. Но, сето тоа што го знаеме како следуваат процесите, како тоа може да биде завршено во соодветен рок согласно соработка на институциите, согласно тоа што МВР треба да го достави и да се оди дополнително на терен, согласно одлуката на сите тие што не се најдени на дома, а ДИК мора да одлучи кој дополнително ќе ги провери, кој ќе ги избрише, кој ќе ги распореди со астерикс и ѕвездичка како дијаспора како избирачи. Согласно одлуката за 124.000 избирачи коишто треба да се проверат затоа што се констатирани за сомнителни, и согласно можноста има или нема алатка, да се бришат сите коишто по закон не треба да бидат во избирачкиот список“, рече Заев.

Според него, не може политичката волја да се наметне врз аргументите и фактите кои кажуваат дека и максималните рокови да се искористат до 16-ти нема проверка и чист избирачки список, тоа е последниот датум за проверка на избирачкиот список. 

„И треба на ДИК независната државна институција којашто заедно ја избравме да си го доработи својот дел, тие одлучија да го распуштат Парламентот. Бевме принудени да ги поднесеме своите оставки, поборници остануваме до крајот на принципите за коишто се залагаме, заради тоа што не може Фросина Ременски и Оливер Спасовки и тројцата дополнителни заменци –министри да останат заложници внатре, на едноумието коешто сака Никола Груевски да го наметне. Ако избравме независни институции треба да им дадеме фер шанса да ја завршат својата работа“, рече Заев.

Тој појасни и дека нивните министри и заменици министри нема да учествуваат во организирање на овие избори, дека поднеле оставка, која, сепак, не беше констатирана од Собранието, затоа што не се закажа седница по таа точка, а Собранието се распушти во средата вечерта.

„Нашите министри многу навремено денеска  (среда) ги поднесоа своите оставки заедно со дополнителните заменици министри. Секако одлуката видовте не зависи од нас. Некој се дрзна во заложништво да држи луѓе во Влада којашто има намера да спроведе криминални избори. Ние ќе направиме се, нашите министри да не бидат во таа Влада, којашто има намера да организира уште едни криминални избори во Република Македонија“, додаде Заев.

Лидерот на СДСМ сепак не ја исклучува можноста да излезат на избори, ако се создадат фер, демократски услови за регуларни избори.

„Оваа борба да, е за власта да падне, бидејќи е автократска и режимска. Но без регуларни, фер и демократски избори, нема шанси Македонија, нема иднина Македонија. Секој момент кога ќе бидат исполнети условите за регуларни, фер и демократски избори, а тоа го заслужува секој граѓанин на светот, така и на нашата Македонија. Опозицијата ќе оди на избори и ќе победи на тие избори“, рече Заев. 

На новинарско прашање дали очекува Катица Јанева да биде укината од Уставниот суд, тој вели дека сето она што го прејудицира јавноста, можно е во Македонија. 

„Никола Груевски и се е можно. Така да остануваме да се бориме сите, рамо до рамо, со целата демократска јавност во нашата Македонија, заради тоа што секој родољуб, секој верен поддржувач на слободата и демократијата знае дека без слободни избори не може да се дојде до таа толку посакувана слобода и демократија“, рече Заев.

Тој рече и декане знае дали договорот од Пржино е мртов, затоа што знае единствено дека Парламентот се распушти без да бидат обезбедени минимум условите согласно договорот од Пржино, без прочистен избирачки список, без регулација на медиумите и без разграничување на партијата од државата.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе