Заев: Не може да има фер избори на 24 април

„Во Македонија нема услови за фер и демократски избори на 24-ти април. Она што постојано го говоревме директно е потврдено и од меѓународната заедница, од ЕУ и САД“, рече лидерот на опозицијата, Зоран Заев.

„Нема услови за регуларни, кредибилни избори затоа што не е прочистен Избирачкиот список и не се спроведени реформи за слободни медиуми. Кога меѓународната заедница најави објективна оценка за условите за одржување предвремени избори во Македонија, Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ немаа ништо против. Напротив, рекоа дека ќе ја очекуваат оваа оценка на ЕУ и САД. Од тогаш, поради страв од промените, власта во заминување, но и некои други, тврдеа дека има услови за фер и демократски избори на 24 април. Вчера, Никола Груевски избега од објективната оценка. Вчера, Никола Груевски избега од соочување со вистината. Вистината е болна за Никола Груевски. Тој ги направи изборите на 24 април невозможни“, рече Заев.

Според Заев, било какво инсистирање за нерегуларни избори ќе ја втурне Македонија во драматична криза со несогледливи последици.

„Во Македонија мора да има фер, кристално чисти избори со слободно изразена волја на граѓаните, потврдени од меѓународната заедница. Нема да дозволиме сценарија за одбрана на криминалот и корупцијата на мафијата во власта. Никој не може повеќе да ја држи Македонија во заложништво. На Македонија и се неопходни избори, час поскоро. Избори без фантомски гласачи, притисоци и окупирани медиуми. Избори на коишто ќе одлучат граѓаните, а не мафијата. Времето на демократски промени во Македонија доаѓа. Ниту едно сценарио на Никола Груевски тоа не може да го спречи“, додаде Заев.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Read more

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more
 

Вести

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе