Заев не сака експертска влада и фиксен датум за избори

„Не треба да се формира експертска влада за излез од политичката криза во земјава, но не треба ниту да се одреди фиксен датум за избори“, смета лидерот на опозициската партија СДСМ, Зоран Заев.

Тој, на дебатата што ја организираше „Цивил“, а на која присуствуваа партии и движења, но не и претставници на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА, иако биле поканети, рече дека избори на 5 јуни нема да има.

„Фиксниот датум се покажа како грешка и не треба да има фиксен датум за избори. Но истовремено ако не се стави датум, тоа ќе значи редовни избори во 2018 година. Но дали сме спремни уште две години на топло-ладно? Треба да има условен датум. Што тоа значи? Ако условно кажано се одреди условен датум за избори во октомври, а ако на пример, некој од роковите за реформи се пробие за две недели, ќе трева да се одложат и изборите за две недели“, рече Заев.

Партиите треба да го исполнат договорот од Пржино, смета Заев, а не да се формира експертска влада.

„За експертска влада е оставен простор, ама Никола Груевски нема да направи реформи и да оди во затвор. Никола Груевски и со експертска влада ќе има 52 мандати во Собранието, и што тогаш ќе постигне таа влада?“, праша Заев.

Лидерот на опозицијата откри дека нема преговори меѓу четирите политички партии во моментов, но дека има билатерални разговори на партиите со меѓународните претставници.

Заев вели дека собраниска седница може да се свика ако најмалку пет члена на ДИК поднесат писмо до претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, дека нема прочистен список и нема услови за фер избори.

„Потребно е да се промени Изборниот законик и да постои можност за увид на цел Избирачки список. Исто така, ДИК треба да има право да ги избрише оние 40.000 граѓани од Избирачкиот список кои немаа законско право да водат таму, како и 67.000 граѓани да ги стави во вториот дел од списокот, со ѕвездичка со што ќе се знае дека тие се повеќе од три месеци во странство, за да не бидат предмет на манипулација“, рече Заев.

Во однос на аболицијата од страна на претседателот Ѓорге Иванов, кој ги ослободи од одговорност политичарите и нивните помошници од делата кои се водеа или ќе се водат против нив од Специјалното јавно обвинителство, надлежно за случаи кои произлегуваат од незаконското прислушување разговори, Заев оцени може да се случи нејзино повлекување, да се повикаат на членови од Закон за управна постапка, или, пак, во Парламентот, со вметнување нов член.

„Аболицијата е правосилна за Никола Груевски. Аболицијата не е правосилна за Заев и за Верушевски. Ние на време ја обжаливме и таа е пред Апелацискиот суд и пред Судот во Стразбур“ рече Заев.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more
 

Вести

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе