Заев: Нема појдовни политички платформи, туку – програма на идната Влада

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев изјави дека политичките процеси полека се дефинираат, без разлика што постоеја две неразумни причини, кои ги постави претседателот Иванов, а со кои се изместија од шините сите процеси коишто требаше да течат во нормален тек.

Тој посочи дека како човек и партија позади која стојат 67 потписи на пратеници, има право да очекува да му биде доделен мандатот за да направи обид да формира Влада.

„Мудроста, присебноста и толеранцијата не ставија во позиција да имаме разбирање, дури и кога се неразумни ваквите причини којшто ни се дадени. Гледате дека презентиравме програма на новата Влада, за да докажеме дека нема веќе појдовни основи, програми на политички партии, платформи, декларации или изјави, туку има ништо повеќе, ништо помалку – програма на идната Влада на Република Македонија, којашто во својата преамбула има заштита и унапредување на унитарноста на државата, уставниот поредок на Република Македонија, и нашите приоритетни цели, ЕУ и НАТО“, изјави Заев запрашан за начинот на кој ќе ја формира Владата.

Заев потсети на поднесена иницијатива за продолжување на конститутивната собраниска седница. Тоа го стори генералниот секретар на СДСМ, кој во името на сите 67 потписници, ја достави иницијатива за продолжување на конститутивната седница којашто не беше завршена, а на која требаше да се избере претседател на Собранието.

Верувам, рече Заев, дека претседателот на Собранието, ќе испрати допис до Иванов, со што ќе го решиме и овој проблематичен услов од 10 дена, рок за да биде доделен мандатот.

„Верувам дека како сериозни, трезвени луѓе кои ја водат државата, како Иванов, тој е претседател на Република Македонија, а и сите ние коишто сме веќе пратеници во Собранието, и имаме аспирации да ја водиме Македонија, ќе бидеме разумни, ќе се разбереме еден со друг, за да може да и помогнеме, пред сè на Македонија и на сите нејзини граѓани“, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Македонија

Левица го објави својот предизборен спот

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Овие избори се последна шанса за Македонија

Read more

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Read more

Дел од неколку скопски населби без струја

Read more
 

Вести

Кучиња скитници искасаа три лица во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица го објави својот предизборен спот

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Овие избори се последна шанса за Македонија

Читај повеќе

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Читај повеќе

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Читај повеќе

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Читај повеќе

Маж фрли бомба врз Сатанскиот храм во САД

Читај повеќе

Дел од неколку скопски населби без струја

Читај повеќе
  • play_arrow

Жена во Бразил донела мртов маж во банка за да може да подигне кредит

Читај повеќе