Заев: Ова е историски ден за Македонија, следува мирен и брз трансфер на власта

„Ова е голем, историски ден за Република Македонија, во рака држам 67 потписи на пратеници од македонското Собрание коишто гарантираат можност за нова Влада за граѓаните на Македонија“, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев при предавањето на потписите до претседателот Ѓорге Иванов.

„Истовремено, овие потписи овозможуваат да заврши кризата во Република Македонија и конечно државата да се придвижи напред, во функција на враќање на животот во Македонија. Денеска, очекувам господинот Иванов да го врачи мандатот во најбрзо можно време за да може да почнеме преговори за создавање и формирање нова влада за граѓаните на Република Македонија“, рече Заев.

„Истовремено, ја користам можноста да испратам порака до сите граѓани, но и до институциите на државата, дека следува мирен и брз трансфер на власта во Република Македонија“, порача Заев.

Претходно, Заев оствари и средби со претседателите на коалициските партнери на СДСМ, кои му дадоа поддршка да биде мандатар за состав на новата Влада на Македонија.

Заедничка беше оценето дека претседателот на СДСМ води совесни, мудри и одговорни политики согласно Уставот, во разговорите за обезбедување на новото парламентарно мнозинство и за состав на новата Влада, додаваат од партијата.

СДСМ и коалициските партнери очекуваат Иванов веднаш да му го даде мандатот на Заев за состав на новата Влада, откако се собрани 67-те пратенички потписи со коишто се дава поддршка на претседателот Заев да биде мандатар за состав на идната Влада.

Со тоа, како што е оценето, ќе се овозможи натамошен развој на демократските процеси во Македонија што носат перспективи за сите граѓани и за Република Македонија.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Read more

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more
 

Вести

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе