Заев: Разговорот со пранкерите е приватна работа, а не акт на Руската Федерација

Скопје, 11 јули 2019 (МИА) – Премиерот Зоран Заев разговарал со рускиот амбасадор Сергеј Баздникин, а денеска по отворањето на 31. бензинска станица на Лукоил во државата ќе има и состанок со него, а како што посочи, средбата била закажана уште пред десеттина дена и не е поврзана со неговиот телефонски разговор со руските пранкери, кои му се претставија како Петро Порошенко и Јенс Столтенберг.

-Ние имаме редовна комуникација со сите амбасадори. Оваа средба е закажана уште пред десеттина дена. Сметам дека овие пранкови или фејк перформанси претставуваат приватни работи, не се акт од Руската Федерација и не смеат ваквите работи да се испречат пред нашите пријателски односи. Соработката со Руската Федерација е една од нашите цели, зајакнување на таа соработка на економски и на секаков план, нагласи Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали досега разговарал со Баздникин за телефонските разговори со лажните Порошенко и Столтенберг, во кои меѓу другото кажал дека српскиот претседател Александар Вучиќ е под влијание на Русија.

Заев нагласи дека тој се залага за пријателство и унапредување на регионалната соработка и оти во разговорите со руските пранкери тоа било потврдено.

Напомена дека се залага за решавање на косовското прашање по примерот на Преспанскиот договор и оти посакува просперитет на Албанците и на сите граѓани кои живеат на Косово.

Истакна дека познато во јавноста е дека Русија не сака Северна Македонија да биде членка на НАТО, но не поради самите нас, туку поради тоа што против проширувањето на Алијансата.

-Ние сме мала земја сакаме да бидеме пријатели со сите и да го задржиме пријателството дури и со оние кои се против проширувањето на НАТО. Нашата намера не е непријателство кон Руската Федерација со тоа што ќе станеме членка на НАТО, напротив верувам дека со тоа само ќе го задржиме мирот во Северна Македонија и во целиот регион, додаде Заев. 

 
 
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Македонија

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Read more

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Read more
 

Вести

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Читај повеќе

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Читај повеќе

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Читај повеќе