Заев: Следува инвестициски циклус од пет милијарди евра

Скопје, 29 јули 2019 (МИА) – Зголемен БДП за над 40 отсто, позитивен раст на платите, намалена невработеност, вратена доверба кај инвеститорите, зголемени вложувања, се само некои од показателите содржани во најновата ревизија на Светската трговска организација (СТО) што покажува дека нашата економија е на добар пат, а владините политики даваат резултат, рече денеска премиерот Зоран Заев.

Заев на прес-конференција во Владата, соопштувајќи ги, како што рече, бројките и фактите објавени од СТО на 15-ти јули годинава, најави нов инвестициски циклус од пет милијарди евра.

–  Создадовме реална, силна економија. Направивме се за да ја оттргнеме економијата од бизнисот. Ревизијата на СТО е уште еден доказ дека економските политики на Владата даваат резултат. Оваа, 2019, навистина ќе биде година на економијата, потенцира Заев.

Премиерот низ бројки ги пренесе показателите содржани во ревизијата на Светската трговска организација. Меѓу другото напомена дека инвестициите се зголемени, земјава направи скок од 25 места според глобалниот инвестициски индекс, а драстичен раст бележи и извозот.

– Со посветена работа успеавме да ги стабилизираме економските текови и состојби. Компаниите растат и се развиваат, расте нивната конкурентност, се зголемуваат бруто-инвестициите, а прогрес бележи и градежништвото, истакна премиерот.

Министерот за економија Крешник Бектеши се осврна на актуелните владини мерки како борбата против сивата економија, МојДДВ…

Одговорајќи на новинарско прашање, Бектеши рече дека до крајот на годинава очекува земјава да биде дел од Спогодбата за јавни набавки со Светската трговска организација.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе