Во сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 11 часот, на излезот од струмичкото Дабиље, загина четиригодишно дете.
Автомобил марка „опел астра“, кој се движел во правец од Петралинци кон Дабиље, излетал од патот. Возилото го управувал жител на селото Босилово, а во автомобилот бил заедно со неговиот четиригодишен син.
Сообраќајката се случила кога автомобилот наишол на запрежна кола и во обид да ја намали брзината за да не се судри, возачот загубил контрола над автомобилот и излетал во нивите.
Таткото и детето биле пренесени во струмичката болница каде е констатирана смрт на детето, а таткото поминал со телесни повреди. Се врши увид на местото на несреќата и се утврдуваат причините за сообраќајката.