Хроника

Загорено тенџере вознемири станари во Аеродром

21. ноември 2018 - 16:12 | МИА
Скопје, 21 ноември 2018 (МИА) – Со две возила и седум пожарникари, Противпожарната единица на Град Скопје интервенираше на дојава од граѓани дека излегува црн чад и непријатна миризба од стан во Аеродром.

Пожарникарите со скала се качија на првиот спрат од зградаата позади кафе барот „Ред кафе“ во Аеродром од каде што излегуваше чадот и констатираа дека се работи за заборавено тенџере со јадење на балконот.

Тенџерето е острането и изгаснато. 

Коментирај