„Зајди, зајди“ се најде на саундтракот на играта „Battlefield 1“
Македонската народна песна „Зајди, зајди” се најде на саундтракот на видео играта на „Battlefield 1”, една од најочекуваните видео игри за оваа година.
Приказната на „Battlefield 1”, која е пукотница во прво лице, е сместена во Првата светска војна, периодот 1914-1918. Играта официјално излегува на 21 октомври, а ќе биде достапна за Xbox One, PlayStation 4 и PC.