Захарова: Бајден погрешно го цитираше Путин

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова го опиша говорот на Џо Бајден во ОН како груб и го обвини американскиот претседател дека погрешно го цитирал Путин.

„Во врска со говорот на претседателот на САД сметам дека е сосема непристојно како започна тој говор. Непристојно не затоа што немаат право да зборуваат или немаат право да допираат други земји. Туку непристојно затоа што тој тврдеше дека го цитира претседателот на Русија. Ние, како и секогаш, почнавме по двапати да ги проверуваме зборовите на Бајден. Бајден сигурно тоа го кажа, но претседателот на Русија не го кажа тоа што Бајден го пренесе“, рече Захарова.

Таа додаде дека Путин го кажал сосема спротивното од она што го пренесе Бајден и американските медиуми.

„Тоа е нивна пропаганда“, рече таа.

Американскиот претседател Бајден ја обвини Русија за кршење на основните принципи на членството во ОН со инвазијата врз Украина и дека „неодговорно“ се заканува со нуклеарно оружје.

Говорејќи на Генералното собрание на ОН во Њујорк, Бајден го критикуваше рускиот претседател Владимир Путин дека започнал војна без никаква причина.

„Постојана членка на Советот за безбедност на ОН го нападна својот сосед, се обиде да избрише суверена земја од мапата на светот. Русија срамно ги прекрши основните принципи на Повелбата на ОН“, рече Бајден. „Во нуклеарна војна нема победници и таква војна никогаш не смее да се води“, рече Бајден.

Американскиот претседател додаде дека никој не се заканувал на Русија, иако таа го тврди спротивното и оти само Русија сака конфликт. Тој вети дека САД ќе останат зад Украина.

Белата куќа, исто така, објави дополнителни 2,9 милијарди долари за глобалната безбедност на храната, покрај претходно ветените 6,9 милијарди долари. 

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Свет

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Read more

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Read more

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more
 

Вести

  • filter

Фатена дрога испратена во мала пратка преку пошта

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе