Захер тортата настанала непланирано, а поради богатиот вкус го освои светот

Захер тортата е еден од најпознатите десерти, а потекнува од Австрија. Иако станува збор за чоколадна торта, неговата препознатливост доаѓа од додавањето на џем од кајсии.

Во приказната за тортата Захер (Sachertorte) се наведува дека била создадена во Виенскиот двор во 1832 година, кога австрискиот канцелар Клеменс Венцел фон Метерних побарал да се создаде десерт што ќе ги импресионира неговите гости.

На главниот готвач му се слошило таа вечер, па за десертот бил задолжен 16-годишниот помошник-готвач Франц Захер. Таа вечер младиот готвач подготвил торта за која се зборува и денес и со задоволство се наоѓа на трпезите ширум светот.

Потребни состојки:

  • 200 гр џем од кајсии
  • путер
  • брашно

за бисквитот

  • 6 јајца
  • 120 гр брашно
  • 120 гр омекнат путер
  • 200 гр чоколадо за готвење
  • 100 гр шеќер во прав
  • 100 гр ситен шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 1 лажичка сол

за глазурата

  • 200 гр чоколадо за готвење
  • 200 гр шеќер
  • 150 мл вода

Подготовка:

Најпрво загрејте ја рерната на 180 степени.

Потоа стопете го чоколадото на тивок оган, па оставете го да се излади. Оставете го џемот од кајсии на собна температура за полесно да се премачкате врз бисквитот.

Во поголем сад со миксер изматете ги путерот, шеќерот во прав и ванилиниот шеќер и постепено додавајте жолчка. Матете додека не добиете пенеста смеса, а потоа додадете го растопеното чоколадо и кратко изматете. На крајот додадете го брашното и нежно измешајте додека не добиете изедначена смеса.

Во друг сад изматете ги белките со една лажичка сол и постепено додавајте ситен шеќер. На крајот нежно измешајте ги белките во првата смеса.

Префрлете ја смесата во калапот и печете околу 60 минути. Кога ќе се испече бисквитот, добро изладете го пред да го исечете на два еднакви дела. Долниот дел од бисквитот премачкајте го со 100 грама џем, преклопете го со другиот дел, а потоа премачкајте го остатокот од џемот врз целата торта.

Чоколадната глазура ќе ја подготвите така што ќе ги загреете заедно шеќерот и водата, а потоа ќе оставите кратко да се излади. Потоа додадете го чоколадото. Оставете неколку минути да се растопи чоколадото, па прелијте го над тортата.

Тагови
реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Рецепти

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Read more

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Read more
 

Магазин

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Читај повеќе

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Читај повеќе

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Читај повеќе

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Читај повеќе

Два пијалака кои се најлоши за здравјето на цревата

Читај повеќе