Рецепти

Запечени енчилади со пилешко и сирење

19. октомври 2019 - 16:04 | М.С.

Традиционалните мексикански енчилади се подготвуваат едноставно, а многу се вкусни.

Состојки:

500 гр. пилешки прсти

500 мл. пилешка супа во коцка

Кромид

Оригано

Чили пиперка

100 гр. биено сирење

400 гр. домати од конзерва

6 тортиљи

Маслиново масло

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Пржете го пилешкото од двете страни додека да добие златеста боја, а потоа сипете ја супата и динствувајте околу десетина минути.

Пилешкото исецкајте го со вилушка на поситни парчиња.

Во истиот сад, на средна температура пржете го кромидот, додајте ги доматите и зачините и пржете пет минути.

Тортиљите наполнете ги со пилешко и замотајте ги цврсто.

Наредете ги во тава, прелијте со сосот и посипете со рендано сирење. Печете околу десетина минути.

Коментирај