Во морските води на албанскиот град Валона полицијата вчера откри и заплени 500 килограми дрога од типот канабис сатива.
Дрогата била откриена во Јонското Море во моментот кога моторен чамец од Албанија нелегално запловил кон Италија. Акцијата на албанската полиција била во соработка со италјанската полиција, предводена од специјалната полиција. Дрогата произведена во Албанија била наменета за италјанскиот нарко пазар.
Во првите денови од 2017 година во Албанија се откриени околу два тона дрога која требало да биде внесена по морски пат во Албанија, нагласуваат албанските медиуми.