Објавена е првата заедничка фотографија на филмската екипа од филмот за Хан Соло. Дејството во „Han Solo: A Star Wars Story“ ќе биде насочено кон авантурите на Хан Соло и Чубака, пред настаните што публиката ги виде во „Star Wars: A New Hope“.
Снимањето официјално започна на 20 февруари, а режисери се Фил Лорд и Кристофер Милер. Во главните улоги ќе ги видиме Алден Еренрајх, Вуди Харелсон, Емилија Кларк, Доналд Главер, Тендо Њутон и Фиби Волер Бриџ. Во улогата на Чубака ќе се појави Џунас Суотамо.
Премиерата е закажана за 25 мај 2018 година.